„Џелатот“ на Ѓоковиќ се пласира во осминафинале на мастерсот во Рим

Најголемото изненадување на турнирот во Рим, Дино Прижмиќ запиша нов триумф на мастерсот во Рим и се пласира во осминафинале со победата од 2-0 во сетови против Иго Амбер.

Прижмиќ тргна фуриозно во првиот сет и му дозволи на ривалот да освои само еден гем (6-1), по што во вториот сет славеше со 7-5.

Пласман во осминафинале обезбеди и Александер Зверев кој го декласира Александер Блокссо 6-1 и 6-4 за еден час и 14 минути.

Мастерсот во Рим се игра за награден фонд од над 8,2 милиони евра.