По денешните натпревари во Првата лига стана јасно и дека Работнички и Македонија Ѓорче Петров сигурно се селат во Втората лига нарендата сезона.

Тргнаа денеска добро гостите од Дебар Маало и уште во првата минута Хоџа им донесе водство. Сепак и на спротивната страна видовме гол од првата шанса, Величковски стрелаше во третата минута за 1-1.

До крајот на првото полувреме Брера направи и целосен пресврт со вторито гол на Величковски. Работнички беше во негатива долго време, а до израмнување стигна во финишот со голот на Бошнаков, сепак и со бод поради послабиот меѓусебен дуел со Пелистер ги загубија сите шанси за опстанок.

Македонија Ѓорче Петров своите шанси ги загуби откако денеска на свој терен претрпе убедлив пораз од Тиквеш со 4-1. Гостите постигнаа по два гола во двете полувремиња, додека домашниот состав во финишот само го ублажи поразот.

Во последниоте натпревар Арсими и Башкими ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1.