Tрагедија во семејството на Флик: Пред Ел Класико почина неговиот татко!

Вечерва во Шпанија се игра Ел Класико во кое Барселона со победа против најголемиот ривал може и математички да ја обезбеди титулата, а пред ова дерби тренерот на каталонскиот гигант Ханси Флик го загубил својот татко

Според информациите, трагичната вест германскиот стратег ја добил рано утрово. Флик веднаш ги информирал клупските челници и фудбалерите во соблекувалната, но и покрај семејната трагедија донел храбра одлука да остане со тимот.

Така Флик вечерва според најавите ќе биде покрај аут-линијата и ќе го води својот тим.

Фото: Barcelona FC/FB