Ракометарите ја почнаа мисијата - пласман на десеттиот Мундијал (ФОТО)

Селекторот Кире Лазаров ги собра ракометарите пред кои е уште еден важен предизвик, да се победи Словачка во баражот и да се избори пласман на уште едно Светско првенство.

Македонските ракометари денеска се собраа за почеток на подготовките за натпреварите против Словачка.

Првиот меч се игра на 14 мај во Прешов, Словачка со почеток од 19 часот. А реваншот е три дена подоцна, односно на 17 мај во Скопје со почеток исто така од 19 часот.