Шалке доживеа тежок пораз, а Џеко вели: Можеби уште бевме пијани!
Сезоната не беше завршена, синоќа имаа меч, му гостуваа на Нирнберг и загубија со убедливи 3-0.
Во тв интервју по натпреварот Един Џеко се обиде да го оправда поразот.
„Ние сме шампиони, тоа мораше да го прославиме. Славевме многу и среќни сме поради тоа. Како и да е, кога ќе излезете на теренот, мора да го дадете најдоброто од вас, ни малку под тоа. Се разбира, нашите нозе беа тешки и можеме се уште имаше алкохол во нас. Тоа е комплетно нормално во овие ситуации, но и покрај тоа требаше да одиграме подобро“, рече Џеко.
Фановите на Шалке го разбираат славјето на фудбалерите и воопшто не ги критикуваат.
„Тие се неверојатни, мора да го кажам тоа. Не само на домашен терен каде атмосферата секогаш е навистина посебна, туку и на гостинските натпревари. За секој фудбалер чувството е феноменално кога игра пред вакви фанови“, додаде Џеко.