Шалке доживеа тежок пораз, а Џеко вели: Можеби уште бевме пијани!

Откако Шалке го завери пласманот во најдобрата Бундеслига и ја освои титулата во втората лига, фудбалерите заминаа на кратка прослава на Ибица.

Сезоната не беше завршена, синоќа имаа меч, му гостуваа на Нирнберг и загубија со убедливи 3-0.

Во тв интервју по натпреварот Един Џеко се обиде да го оправда поразот.

„Ние сме шампиони, тоа мораше да го прославиме. Славевме многу и среќни сме поради тоа. Како и да е, кога ќе излезете на теренот, мора да го дадете најдоброто од вас, ни малку под тоа. Се разбира, нашите нозе беа тешки и можеме се уште имаше алкохол во нас. Тоа е комплетно нормално во овие ситуации, но и покрај тоа требаше да одиграме подобро“, рече Џеко.

Фановите на Шалке го разбираат славјето на фудбалерите и воопшто не ги критикуваат.

„Тие се неверојатни, мора да го кажам тоа. Не само на домашен терен каде атмосферата секогаш е навистина посебна, туку и на гостинските натпревари. За секој фудбалер чувството е феноменално кога игра пред вакви фанови“, додаде Џеко.