„Не ми го спомнувајте името на Илија Најдоски, каков ли само ќотек добивав од него...“ (ВИДЕО)
Тој на гостувањето во српски подкаст откри дека најмалку сакал да игра против Илија Најдоски, дефанзивецот на Црвена Звезда.
„Ууу, Најдоски. Немојте да ми го споменувате. Секогаш кога би играле против Ц. Звезда, на нивната десна страна беа Горан Јуриќ, а позади него Најдоски. И како лево крило лесно ќе го поминев Јуриќ, но потоа доаѓаше Илија и ме фрлаше во воздух. Каков ли само ќотек добивав од него, повеќе од било кој друг“, се потсети Јарни.
Хрватот одигра седум меча за селекцијата на поранешна СФР Југославија, како и 81 за Хрватска. Најдоски, пак, најголемиот дел од кариерата го мина во Вардар и Ц. Звезда, а собра 11 настапи за СФРЈ и уште 10 за Македонија.