Кејн го промаши првиот пенал во Бундеслигата, противникот направи - неспортски потег! (ВИДЕО)

Баерн Минхен со гол на Олисе во второто полувреме победи на гостувањето кај Волфсбург со 1-0, но она што треба да се издвои од овој меч е промашениот пенал на Хари Кејн.

До денешниот натпревар Хари Кејн имаше 24 голови од пенал во Бундеслигата откако игра за Баерн Минхен, никогаш немаше промашено. Тоа се случи денеска.

Во 36. минута Англичанецот го промаши целиот гол.

Но, виновник за тоа е противничкиот играч Јенауел Белочан кој пред да шутира Кејн, намерно со копачката правеше дупки кај белата точка. Тоа влијаеше за Кејн да го промаши голот.

Победата за Баерн ја донесе Олисе со гол во 56. минута.