Перез му ги прифатил сите услови – Мурињо на чекор до враќање во Реал Мадрид!

Екипата на Реал Мадрид сака враќање на Жозе Мурињо на тренерската клупа од следната сезона, а претседателот Флорентино Перез, според шпанските медиуми, веќе му понудил договор до 2028 година и е подготвен да ја плати откупната клаузула од три милиони евра на Бенфика.

Иако во јавноста се споменуваа имиња како Јурген Клоп, Дидие Дешам и Зинедин Зидан, сепак, „Специјалниот“ е првиот избор на Перез за нов проект во Мадрид. Португалскиот тренер, наводно поставил серија строги услови за враќање во клубот. Меѓу нив се целосна контрола врз тимот, составот и свлечилницата, како и автономија без интервенции од управата на клубот. Мурињо, исто така, бара најмалку двегодишен договор (иако се преговара за подолг период), сопствен стручен штаб, целосна контрола врз кондициониот тим, промени во играчкиот кадар и заминување на најмалку седум фудбалери, директна комуникација исклучиво со Перез и
целосна одговорност за подготовките и летните планови.

Првиот човек на „кралевите“, наводно, ги прифатил условите и ја испратил официјалната понуда, но конечната одлука сè уште не е донесена од страна на Мурињо, кој истовремено има и понуда за продолжување на соработката од Бенфика.

ФОТО: X / @VibesFoot