Седум фудбалери на Реал Мадрид го пропуштаат „Ел Класико“

Реал Мадрид има ужасна сезона, а тренерот Алваро Арбелоа доби лоши вести и пред „Ел Класико“ против Барселона.

По скандалот со тепачката во соблекувалната, Арбелоа дозна дека не може да смета на седум фудбалери во дербито со вечниот ривал.

Дани Карвахал, Едер Милитао, Ферланд Менди, Родриго, Арда Гулер, Дани Себаљос и Федерико Валверде ќе бидат надвор од конкуренција за настап во „Ел Класико“.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.