Хрватот Прижмиќ го шокира Ѓоковиќ на стартот на турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ по долго време се врати на тениските терени, но веднаш беше елиминиран од турнирот во Рим, откако загуби од Хрватот Дино Прижмиќ со 1-2 во сетови, односно 6-2, 2-6 и 4-6.

Ѓоковиќ одлично го почна натпреварот и го освои првиот сет против Прижмиќ со 6-2, по што сите очекуваа брзо да ја заврши работата, но младиот Хрват се разигра во следниот сет и успеа да слави со 6-2.

Хрватот направи брејк и во петтиот гем на третиот сет (3-2), по што без проблеми сервираше до крајот за да слави со 6-4.