Валверде раскажа што се случило по драмата со Чуамени (ФОТО)
Валверде призна дека имал судир со неговиот соиграч, но посочи дека немало тепачка и повредата ја здобил откако се удрил со глава во маса.
„Вчера имав инцидент со соиграч за време на тренингот. Фрустрацијата и заморот си го направија своето. Во нормални услови тоа се решава интерно, но очигледно некој стои зад ова и ја шири приказната, а во сезона без трофеј, тоа е главна тема. Денеска имавме уште едно недоразбирање. За време на расправијата удрив со глава во маса, поради што се повредив и морав да одам во болница. Мојот соиграч во ниту еден момент не ме удри, ниту јас не го удрив, но ги разбирам луѓето што лесно поверуваа во приказната. Жал ми е, искрено ми е жел затоа што оваа ситуација ме боли“, објави Валверде.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.