Вардар го понижи Пелистер и ја врати титулата во Скопје! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар го декласираа Пелистер со 34-19 во салата „Јане Сандански“ и по три години ја вратија шампионската титула во Скопје.

„Црвено-црните“ доминираа од самиот почеток на натпреварот во Скопје и првото полувреме го добија со убедливи 18-12, со што го направија првиот чекор кон победата над големиот ривал, но и кон титулата.

Вардар продолжи со маестрална игра во вториот дел и продолжи да го полни голот на битолчани, па на крајот славеше со 34-19. Најефикасен во победничкиот тим беше Митровиќ со седум голови, додека Малус запиша шест погодоци. На спротивната страна Кузмановски постигна четири голови за Пелистер.

Скопскиот гигант ја обезбеди титулата на три кола пред крајот, односно има 56 бодови на првата позиција, по што следи Охрид со 48, Пелистер е трет со 46, а Алкалоид е на четвртата позиција со 40 поени. По нив следат Бутел и Тиквеш со по 24 поени.