Урнебесен совет од Шчесни за Левандовски: Пензионирај се, тогаш доаѓаат најдобрите понунди
Последна во низата е онаа во врска со Роберт Левандовски кој последните недели се поврзува со Јувентус, поранешниот клуб на Шчесни. Италијанските новинари го прашаа голманот дали го советувал својот сонародник да оди во Јувентус, поради неговата историја со „бјанконерите“. Одговорот беше урнебесен.
„Ако му давам совет од моето искуство, би му рекол да се пензионира бидејќи тогаш доаѓаат најдобрите понуди“, рече Шчесни.
Алузијата е јасна - откако си замина од Јувентус, полскиот голман објави пензионирање, но неколку месеци подоцна Барселона испрати понуда за него откако се повреди Марк Андре Тер Штеген. Шчесни се врати и за две сезони освои четири трофеи со можност да ја збогати колекцијата со уште еден - од Ла Лига.