Компани е бесен: Се надевам дека следната сезона судиите ќе судат за нас!
Баерн Минхен не успеа да се пласира во финале, одигра 1-1 на свој терен и со вкупни 5-6 доживеа елиминација од Лигата на шампионите.
Во првиот дел од мечот имаше две спорни одлуки, првата беше втор жолт картон за Нуно Мендеш. Тој веќе имаше жолт и намерно играше со рака, но наместо топка за Баерн и втор жолт за играчот на ПСЖ, судијата досуди играње со рака од фудбалер на домаќините, иако немаше такво нешто. Втората ситуација е недосуден пенал за Баерн по игра со рака во шеснаесетникот на ПСЖ.
„Честитки за Баерн. Но, Нуно Мендеш требаше да биде исклучен според мене. Требаше да има и пенал за нас, раката му беше високо подигната, колку што ги знам правилата тоа е пенал. Зошто во Париз досудија пенал за ПСЖ? Ќе се обидеме следната сезона и се надевам дека тогаш судиите ќе свират во наша полза“, рече Компани.
Бесен беше и извршниот директор на Баерн Минхен, Јан Кристијан Дресен.
„Благо кажано, зачудувачки е што судија со само 15 судени меча во Лигата на шампионите доби задача да суди вака важен натпревар. Можеби тоа објаснува некои негови одлуки денеска“, рече директорот на Баерн.