Олимпијакос по кратка постапка на Ф4, Реал ќе игра четврти натпревар

Екипата на Олимпијакос го победи Монако во третиот натпревар од плејофот на Евролигата со 105-82.

Грчкиот тим со тоа стана првиот што обезбеди место во Фајнал Фор во Атина. Олимпијакос го диктираше темпото на натпреварот од самиот почеток, добивајќи ја првата четвртина со +9 (26-17), а до крајот на полувремето веќе имаше убедлива предност од +21 (61-40).

Монако ја доби третата четвртина, но само со три поени разлика и влезе во последната четвртина со -18 (82:64). Во последниот период, домаќините се доближија до -12, но потоа Олимпијакос „додаде гас“ и забележа убедлива победа.

Тимот од Пиреја до победата го предводеше Еван Фурние со 22 поени, два скока и пет асистенции.

За разлика од Олимпијакос, Реал ја пропушти првата меча топка откако вечерва загуби на гостувањето кај Хапоел со 69-76, па во таа серија ќе се игра четврти натпревар.