Хапоел не се откажува, го победи Реал Мадрид и намали во серијата

Кошаркарите на Хапоел во третиот натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата го совладаа Реал Мадрид со 76-69, со што израелскиот тим намали на 2-1 во серијата која се игра до три победи.

Реал по првото полувреме имаше предност од два поена (36-34), но клучна беше третата четвртина која Хапоел ја доби со 21-10 и практично го реши прашањето на победникот.

Израелскиот состав до триумфот го предводеа Џонс и Брајант со по 19 поени. Џонс додаде и седум скокови и две асистенции, додека Брајант забележа девет скокови и три асистенции. Василије Мициќ постигна 13 поени со три скокови.

Кај Реал Мадрид најдобар беше Лајлс со 14 поени, пет скокови и две асистенции, Дек додаде 11 поени, а двоцифрен беше и Кампацо со 10 поени, четири асистенции и два скока.

Четвртиот натпревар од серијата се игра во четврток, а Хапоел повторно ќе биде домаќин.

Фото: Hapoel Tel Aviv BC/FB