Ракометарите на Охрид за првпат сезонава се радуваа на победи против Алкалоид и дербито во Автокоманда го добија со 27-26. За Охрид е важно и што со овој триумф скокна до второто место на табелата во Суперлигата пред Пелистер.  

Алкалоид подобро влезе во дербито на свој терен и во почетните минути имаше предност која одеше до највисоки три гола разлика (7-4). Водството го одржуваа до 9-7 кога гостите од Охрид ја преземаа контролата.

Тогаш избраниците на Ројевиќ направија серија од 4-0 со која го вратија водството кое претходно го имаа на самиот старт. (11-10).

Финишот од првиот дел ги донесе и најдобрите минути на ракомтарите на Охрид кои во тие моменти стигнаа до највисоката разлика од натпреварот, пет гола со која заминаа на пауззата (17-12.

Високата предност Охрид продолжи да ја одржува по враќањето на теренот, Алкалоид се обиде да се врати и во последните десет минути дојде до „минус два“. Имаа избраниците на Лазаров и напад за гол негатива, меѓутоа Пилиповиќ блесна со уште една одбрана и на семафорот во 52. минута остана 21-23.

Не се откажаа домаќините и во финишот дојдоа до гол негатива, меѓутоа веќе беше доцна за некаков пресврт, па победата им припадна на гостите.