Се појави нова опција за Чави, може да заврши во Премиер лигата
Англиските медиуми пишуваат дека Челси веќе разгледал неколку опции, но дека ниту една не се чини како реално решение. Франческо Фариоли и Сеск Фабрегас беа желби на клубот, но првиот сака да остане во Порто, додека вториот сè уште не планира заминување од Комо, каде што ја гради својата тренерска кариера.
Во опција беше и Чаби Алонсо, а потоа се појави и неговиот поранешен репрезентативен соиграч, Чави Ернандез. Иако Чави испиша историја со титулата во Ла Лига со Барселона во сезоната 2022/23, потоа следуваше разочарување и разделба со каталонскиот клуб.
Чави веќе две години повремено се поврзува со неколку клубови, но без конкретни преговори. Беше повикан и од Мароко да стане селектор, но тоа не го интересираше, бидејќи сака да се натпреварува на највисоко клупско ниво.
Сигурно е дека Чави не би можел лесно да ја одбие понудата на Челси, но останува прашањето дали тој навистина е вистинското решение за хаосот на „Стемфорд Бриџ“.
Фото: Barcelona FC/X