Ѓоковиќ направи промена во својот тим пред враќањето на терените

Ѓоковиќ се враќа на тениските терени по паузата поради повреда на лактот, а во пресрет на завршницата од сезоната на земјена подлога направи важна промена во својот стручен штаб.

Српскиот ас ќе има нов физиотерапевт и тоа Карлос Кошта, претходно кај Ѓоковиќ таа улога две години ја извршуваше Миљан Амановиќ.

Португалецот не е непознато лице за Ѓоковиќ. Двајцата веќе соработуваа за време на турнирот во Индијан Велс, па ова може да се смета како логично продолжување и официјализирање на нивната соработка.

Ѓоковиќ не е прв тенисер со кого работел Кошта. Во неговото портфолио се и имиња како Ана Ивановиќ, Томи Хас, Томаш Бердих и Жоао Соуса, а подолг период е дел и од медицинскиот тим на Дејвис и Фед куп селекциите на Португалија.

Фото: Novak Djokovic/FB