Гибс-Вајт го покажа лицето по страшната повреда (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Фудбалерот на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт предвреме го заврши мечот против Челси (1-3), откако се судри со противничкиот голман Роберт Санчез.

Англискиот репрезентативец влезе на теренот од клупата за резерви, но мораше да ја напушти играта по страшната повреда, а тоа го потврдува и фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.