Мбапе возврати по критиките: Ситуацијата во клубот е поинаква!

Килијан Мбапе беше жестоко критикуван во претходниот период поради неговиот однос на тренинзите, но и проблемите кои ги направил со тренерот Алваро Арбело и останатите членови на стручниот штаб, меѓутоа Французинот реши да го прекине молкот.

Францускиот голгетер соопшти дека дел од шпекулациите во медиумите се претерани, откако тие пишуваа дека Мбапе е изолиран од остатокот од тимот и не е во добри односи ниту со соиграчите.

„Дел од критиките се претерани. Истите се поврзани со периодот на опоравување, кој е строго надгледуван од клубот, а Реал Мадрид секојдневно ја контролира ситуацијата. Ова е далеку од реалноста и ситуацијата во тимот е поинаква“, кажа Мбапе.

Фото: Facebook/RealMadrid