Синер пред историски подвиг, единствен што може да го запре е - Ѓоковиќ

Ако Јаник Синер ги освои Мастерсот во Рим и „Ролан Гарос“ во следните пет недели, тој ќе постигне феноменален  и досега невиден подвиг.

Такво нешто во историјата на тенисот постигнал само Новак Ѓоковиќ, но моменталниот светски број 1 би го надминал српскиот ас. Ако освои титули на овие големи турнири, Синер ќе стане најмлади во историјата што ги освоил сите најважни трофеи во тенисот, сите девет Мастерс 1.000 и сите четири Гренд слем турнири на само 24 години.

На Синер моментално му недостасуваат само римскиот и парискиот трофеј. Веќе ги освои преостанатите осум Мастерс и три Гренд слем турнири. Тука треба да се додадат и завршниот Мастерс и Дејвис купот, во кој веќе има по две титули. Единствената работа по која би останал зад Ѓоковиќ е златото од Олимписките игри.

„Без Карлос Алкараз, ќе му биде полесно, иако Ѓоковиќ се враќа на теренот. Не знаеме во каква форма е, бидејќи не играл два месеца, но ако има тенисер што не можете да го отпишете, тоа е тој. Едно е сигурно, Новак не се плаши од Јаник“, вели поранешниот британски тенисер Грег Руседски.

Дуелот меѓу Синер и Ѓоковиќ во Рим е можен само во финалето бидејќи Србинот се падна на страната на Зверев. Таму е и Музети кој е познат по добрата игра на земја, па на Ѓоковиќ нема да му биде воопшто лесно да стигне до финалето.