Санчез го расплака Сосиедад и ја извлече Севилја од зоната за испаѓање (ВИДЕО)

Севилја вечерва оствари важен триумф против Реал Сосиедад (1-0), а херој во победата беше Алексис Санчез.

По првото полувреме во кое немаше голови, екипата од Андалузија успеа да погоди во 50. минута, а погодокот на Санчез се покажа како клучен во триумфот.

Севилја со оваа победа избега од зоната за испаѓање и сега има 37 бодови, односно еден поен повеќе од Алавес.

Фото: Facebook/Sevilla FC