Евертон има за што да жали: Доку го спаси Манчестер сити од пораз (ВИДЕО)
Доку во финишот на првото полувреме погоди за водство од 1-0 на „граѓаните“, но вистински шок за гостите следеше во вториот дел, односно во период од 68. до 81. минута кога примија три голови.
Бери израмни на 1-1 во 68. минута, а потоа во листата на стрелци за „карамелите“ се запишаа О’Брајан и Бери во 81. минута, но набрзо Халанд намали на 2-3.
„Граѓаните“ се обидуваа да стигнат до нов погодок во мрежата на домаќинот, а тоа му успеа на Доку во последните секунди од мечот кога стрелаше за 3-3.
Арсенал останува лидер со 76 бодови, додека Манчестер сити е втор со 71 поени, но и еден меч помалку од лондонскиот тим.
Фото: Facebook/Manchester City