Турците целосно го преземаа Тиквеш и - веднаш го избркаа тренерот Христов сосе помошниците и спортскиот директор!
Тиквеш преку соопштение потврди е прекинат договорот на тренерот Борче Христов, но и на неговите помошници Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков, како и на спортскиот директор Љупчо Трајковски.
„Клубот и понатаму ќе продолжи да функционира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачи на Тиквеш, со јасна цел - стабилност и напредок до крајот на сезоната“, соопшти Тиквеш.
Кавадарчани по 30 одиграни кола се наоѓаат на петтата позиција во Првата лига со 41 освоен бод.
