Дефанзивец на Реал се повреди по петти пат и ќе оди на операција!
Менди се повреди на мечот против Еспањол, а медицинските прегледи покажаа дека фудбалерот има сериозна повреда на тетива на десната нога и најверојатно ќе оди на операција.
Ова е петта повреда за Менди оваа сезона, односно Французинот настапи на само девет натпревари.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.