Заврши првата рунда од плејофот, Кливленд и Детроит продолжуваат понатаму (ВИДЕО)

Екипите на Кливленд Кавалирс и Детроит Пистонс се последните патници во втората фаза од НБА плејофот.

Во „мајсторките“ од своите серии, овие две екипи остварија победи и си ја продолжија сезоната. Кливленд беше подобар од Торонто со 114-102, додека Детроит го победи Орландо со 116-94 откако претходно беше во негатива од 1-3.

Кливленд си ја обезбеди победата благодарение на одличната трета четвртина која ја доби со 38-19 и во тој период го скрши отпорот на противничкиот тим. Во натамошниот дел од мечот Торонто не успеа да се доближи на помалку од 11 поени негатива. Џерет Ален одигра одличен натпревар, постигнувајќи 22 поена и 19 скока и беше најефикасен кај Кливленд. Барнс со 24 и Берет со 23 поени го предводеа Торонто.

Детроит го преживеа фантастичниот Паоло Банкеро кој постигна 38 поени. Пистонс, сепак, ги имаше Кејд Канингем кој заврши со 32 поена и 12 скока и Херис кој постигна 30 поени и девет скока. Овие две екипи ќе се сретнат меѓу себе во полуфиналето на Истокот, а втората двојка ја сочинуваат Њујорк и Филаделфија.