Не можеше послатко: Јунајтед преку Ливерпул до Лигата на шампионите (ВИДЕО)
До клучната победа, Јунајтед стигна денеска против својот најголем ривал Ливерпул кого на домашен терен го победи со 3-2. Натпреварот понуди исклучително високо ниво на динамичност и неизвесност, Ливерпул беше на чекор од пресврт, но откако не успеа, домаќинот дојде до победата.
Се чинеше дека домаќинот ќе доживее катастрофа откако по само 14 минути игра преку Куња и Шешко, Јунајтед поведе со 2-0. Тука застана и со 2-0 заврши првото полувреме, а на стартот од вториот дел идентична слика, но на другата страна. Во 47. и 56. минута. Собослаи и Гакпо ги искористија киксовите на домашната одбраната и го израмнија резултатот по што двете екипи имаа неколку шанси за победа.
Сепак, клучниот момент се случи во 77. минута кога Коби Мејну искористи една одбиена топка и со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја смести во мрежата за водство на Јунајтед и конечен резултат.
На три кола пред крајот на сезоната Јунајтед им 64 бода и доволна предност пред ривалите која го носи во Лигата на шампионите. Блиску до тоа е и Ливерпул кој е со +6 во однос на Борнмут.