Барселона се избори за шесто финале по ред во ЛШ (ФОТО)
Салма Парулуело погоди за водство од 1-0 во 14. минута, по што Линда Далман стрелаше за 1-1 и ја врати неизвесноста.
Каталонскиот гигант, сепак, зададе нов удар преку Алексија Путељас кој погоди за 2-1 во 23. минута. Ева Пахор зголеми на 3-0 на почетокот на вториот дел, а потоа Путељас стрелаше за 4-1.
Баерн не се предаде и набрзо намали преку Пернил Хардер, меѓутоа германскиот тим немаше сила да ја анулира негативата до крајот.
Барселона ќе се бори за титулата во ЛШ против Лион.
Фото: Facebook/FC Barcelona Femení