Брера ја освои Струга за екстра важна победа во борбата за опстанок

Со голот на Леонардо Петровиќ во 88. минута од натпреварот, екипата на Брера дојде до исклучително значајна победа на гостувањето кај Струга (1-0) и сега е на милиметри од опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Струмичани со ова ја прекинаа и серијата од четири натпревари без победа во домашното првенство и создадоа предност која ќе биде тешко достижна за ривалите за опстанок. Брера сега има шест бода повеќе од Пелистер и седум од Работнички на три кола пред крајот на сезоната, а со оглед на тоа што за две кола игра со испаднатиот Шкупи, веројатно нема да има проблем да ја оствари својата цел.

Она што е подеднакво важно за Брера сега е што може да обезбеди директен опстанок во елитната конкуренција бидејќи се доближи на само три бода од седмопласирансиот Арсими кој денеска одигра нерешено (1-1) против Тиквеш.

Што се однесува до мечот во Кавадарци, таму се беше решено до 29. минута. Рамадани го отвори резултатот, а Гони му донесе бод на Арсими со тоа што Тиквеш од 19. минута играше со фудбалер помалку. И Тиквеш и Арсими обезбедија опстанок, но се уште постои опасност да се најдат меѓу екипите кои ќе играат во баражот.