Синер-експрес за помалку од еден час го „истресе“ Зверев за рекордна Мастерс титула

Јаник Синер е убедливо најдобар тенисер во светот во моментов и тоа го докажува со секој свој настап.

Италијанецот денеска ја освои четвртата Мастерс титула во сезоната и петта по ред откако триумфираше во финалето на турнирот во Мадрид. Во мечот за трофејот, Синер буквално го растури Александер Зверев со 2-0 (6-1, 6-2) за 58 минути игра.

Зверев немаше апсолутно никаква шанса, дури да се сврти Синер веќе водеше со 5-0 во првиот сет. Германецот успеа да избегне „нула“, но во седмиот гем италијанскиот тенисер поведе со 1-0, оставајќи му на противникот само 11 освоени гемови во целиот сет.

Вториот беше малку подобар за Зверев, дури и водеше по првиот гем за потоа Синер со два циклуса од три гема по ред да дојде до конечна победа.

Со ова, Синер влезе во историјата како прв тенисер кој успеал да освои пет Мастерс титули по ред. Сега има 28 победи по ред на овие турнири и му недостасуваат само уште три за да го стигне рекордот на Ѓоковиќ за што ќе има можност веќе на Мастерсот во Рим каде ќе се бори и да ги комплетира сите Мастерс трофеи. Ова беше 28. АТП титула за него во кариерата.