Барса денеска може да стане шампион, а Флик ќе оди во театар!?

Барселона е на чекор до заверка на шампионската титула во Ла Лига, а тоа може да се случи уште денеска иако тие не играат.

Барса синоќа победи на гостувањето кај Осасуна, им недостасува уште ептен малку за заверка на титулата.

Тоа може да се случи уште денеска ако Реал Мадрид не победи на гостувањето кај Еспањол.

Мечот меѓу Еспањол и Реал Мадрид се игра од 21 часот, а Ханси Флик вели дека во тој период може ќе оди во театар.

„Дали ќе гледам Реал Мадрид - Еспањол? Можеби ќе одам во театар со мојата сопруга тогаш. Уште не сум бил“, рече Флик по вчерашниот меч на Барса.

„Нема да го гледам Реал Мадрид, тоа е сигурно. Тоа не е за мене. Ако нешто се случи, ќе ме информираат во ВатсАп групата“.