Познато е кога Охрид ќе се бори со Татабања за европскиот трофеј!

Ракометниот клуб Охрид денеска испиша клупска историја откако во драматичен меч го совлада Целје на пенали и се пласираше во финалето од Европскиот куп каде ќе игра против Татабања.

Познати се термините на двата финални натпревари. Првиот е закажан за 23 или 24 мај, а реваншот е на 30 или 31 мај.

Дополнително, со ждрепка ќе биде одредено кој ќе биде домаќин на првиот, а кој на вториот натпревар.

Татабања е сериозен тим од Унгарија за кој настапува и нашиот Филип Талески. Во унгарската лига тие се веднаш зад гигантите Веспрем и Пик Сегед.