Првпат по 17 години Левски е шампион на Бугарија - титула за Серафимов! (ВИДЕО)
Левски конечно ја прекина доминацијата на Лудогорец во првенството на Бугарија и по пауза од 17 години повторно е на врвот во бугарскиот фудбал.
Никола Серафимов се радува на шампионската титула, тој не играше на денешниот меч, но беше од повеќе натпревари низ сезоната, особено играше во финишот од неа.
Фото: ФК Левски