Арсенал без проблем го победи Фулам за големи три бода! (ВИДЕО)

Арсенал со 3-0 го доби лондонскиот дуел против Фулам и запиша три неопходни бода во борбата за титулата во Премиер лигата која ја води со Манчестер Сити.

Сите три голови беа постигнати во првото полувреме. А резултатот го отвори Ѓокереш уште во деветата минута.

Топчиите се израдуваа на гол и во 29. минута, но погодокот на Калафиори беше поништен поради офсајд.

Во 40. минута Сака зголеми на 2-0, а во судиското продолжение од првиот дел Ѓокереш даде уште еден гол на овој меч за конечни 3-0.

Арсенал сега има шест бодови повеќе од Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола има два натпревари помалку.