Баерн се спаси од пораз против најслабиот тим во Бундеслигата (ВИДЕО)
Изненадувањето беше најавено по 22 минути игра кога гостите преку Зивизавдѕе стигнаа до водство, само девет минути подоцна Динкчи се погрижи и за 2-0. Баерн намали на 2-1 во финишот од првиот дел и со тој резултат се замина на пауза.
Во второто полувреме Горецка и вторпат стрелаше за израмнување во 57-та минута, а ново водство на гостите обезбеди Зивизавдѕе кој исто така го постигна својот втор гол на средбата на 15 минути пред крајот.
Домаќините сепак се извлекоа од пораз во последните моменти од натпреварот кога длабока во десетата минута од судиското продолжение Римај си ја погоди сопствената мрежа за конечни 3-3.
За Баерн сепак е многу поважен следниот натпревар в среда во кој на свој терен ќе го пречекаат ПСЖ во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Ќе потсетиме, Французите на првата средба во Париз победија со 5-4.
Останати резултати:
Хофенхајм - Штутгарт 3-3
Ајнтрахт – ХСВ 1-2
Унион Берлин – Келн 2-2
Вердер – Аугусбург 1-3
Фото: FC Bayern München