Калиниќ ја дозна казната по тепачката со кошаркар на Златибор (ВИДЕО)

Дисциплинската комисија на Кошаркарската лига на Србија ги соопшти казните за учесниците во тепачката на дуелот меѓу Златибор и Црвена Звезда.

Никола Калиниќ предизвика инцидент кога со боксови го нападна Матеј Чибеј од Златибор, а потоа сакаше да се тепа и со навивачи на трибините, па поради тоа доби суспензија од два натпревари и парична казна од 840.000 динари.

Казни се изречени и за Чибеј, Стефан Савиќ и Хантер Вилфрид, кои ќе треба да платат по 120.000 денари поради учеството во хаосот.