Ѓорческа ќе настапи во квалификациите на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го пријави настапот на вториот гренслем-турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Македонската тенисерка ќе мора да се избори за главниот турнир преку квалификациите за кои наскоро се очекува ждрепката на која Ѓорческа ќе ја дознае противничката.

Ѓорческа последниот настап го имаше во Порторож, Словенија каде што стигна до осминафинале во кое загуби од Катарина Заватска.