Барселона добива големо засилување во походот кон титулата во Ла Лига

Барселона сака што е можно побрзо да ја одбрани титулата во Ла Лига, а тренерот Ханси Флик пред вечерашното гостување кај Осасуна доби одлични вести.

По повеќенеделна пауза се враќаат Рафиња и Марк Бернал, кои би можеле да добијат минутажа во второто полувреме од средбата со Осасуна.

Рафиња беше надвор од терените од повредата во март, додека Бернал се повреди на почетокот на минатиот месец.

На пет кола пред крајот, Каталонците имаат 85 бодови, односно 11 поени повеќе од Реал Мадрид.