Сензација во Мадрид: 21-годишник го елиминираше бранителот на титулата!
За Блокс ова беше само петти настап во главната жрепка на некој Мастерс од серијата 1000, а досега најдобриот резултат го оствари пред три недели во Монте Карло, кога од квалификациите стигна до осминафиналето. Во Мадрид, на патот до полуфиналето, совлада четворица подобро рангирани тенисери.
Во второто коло го победи Американецот Брендон Накашимa, во третото коло против Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим ја запиша својата прва победа против тенисер од Топ 10, додека во осминафиналето беше подобар од Аргентинецот Франсиско Серундоло. Импресивно исто така е што последните три меча ги доби без загубен сет.
Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот меѓу вториот и десеттиот носител, Германецот Александер Зверев и Италијанецот Флавио Коболи.
There's a new kid on the Blockx 😉
— ATP Tour (@atptour) April 30, 2026
Alexander Blockx takes down the defending champion Ruud 6-4, 6-4 to reach his first Masters 1000 semi-final! @MutuaMadridOpen | #MMOPEN pic.twitter.com/ev6QZB8XHY
Фото: ATP Tour