Голманот кој направи скандал во Шпанија поминал низ пекол – смртта на татко му го променила животот!
Голманот на Сарагоса за потегот во дуелот со Хуеска доби суспензија од 13 натпревари, а набрзо потоа во јавноста се појавина и информации од неговото детство.
Животот на Андрада се променил кога имал само 12 години. По смртта на неговиот татко во сообраќајна несреќа, семејството останало во исклучително тешка ситуација. Заедно со мајка му и петте браќа и сестри, тој многу рано морал да порасне, пишува „Ел Еспањол“.
Додека неговите врсници сонувале за фудбалска кариера, Андрада размислувал како да помогне на семејството. Работел како берач на грозје во Мендоза, една од најтешките физички работи, каде што научил што значи труд.
Но, и подоцна немал мирен живот. Додека бранеше за Ланус во 2014 година се соочи со трауматично искуство откако бил киднапиран. Два часа поминал во рацете на киднаперите кои барале откуп, по што бил пуштен неповреден, но настанот оставил длабоки последици врз него.
Во својата кариера покрај Ланус и Реал Сарагоса беше дел уште од Арсенал Саранди, Бока Јуниорс и мексиканскиот Монтереј, а до крајот на сезоната е на позајмица во Шпанија, меѓутоа со суспензијата неговата епизода во Сарагоса и заврши.
Puñetazo de Esteban Andrada a Jorge Pulido tras ser expulsado en el Huesca - Real Zaragoza pic.twitter.com/vjNQcCfb0q
— Lorenzo Gelardo (@LorenzoGelardo_) April 26, 2026