Девојчињата кои освоија злато во Скопје, имаа специјален дочек во Хрватска! (ВИДЕО)

Ученичките од средното училиште „Андрија Качиќ Миошиќ“ од Плоче, Хрватска, триумфираа на Светското првенство за училишен ракомет кое се одржуваше во Скопје, а кога дојдоа во својот град добија убав дочек.

Хрватските ракометарки во финалето ја совладаа Македонија со 28-26 и го освоија златниот медал од турнирот кој се играше во нашиот главен град.

Хрватите се горди бидејќи овој тим беше составен од ракометарки од прва до четврта година од средно училиште во Плоче.

При враќањето во својот град кој има само околу 10.000 жители, младите ракометарки добија специјален дочек кои ќе го паметат засекогаш.