Широки ја освои АБА2-лигата: Бивш кошаркар на Работнички го нокаутира ТФТ (ФОТО)

Босанската екипа Широки ја освои титулата во АБА2-лигата со победата над ТФТ со 87-86, а со тоа обезбеди место и во АБА-лигата.

Кошаркарите на ТФТ имаа негатива на стартот на натпреварот, но успеаја да влезат во ритам и да ја добијата првата четвртина со 25-18. Македонскиот тим ја контролираше играта и во втората четвртина, односно поведе со 41-30, но Широки успеа да намали на осум поени негатива (35-43).

Големата борба продолжи и во второто полувреме, каде што Широки успеа да ја стопи предноста на противникот и да стигне до 59-61.

По подолго време на натпреварот, Широки успеа да направи и целосен пресврт, па да поведе со 73-69. Сепак, ТФТ не се откажуваше и се бореше храбро за да го сврти резултатот во своја корист 86-76.

Скопската екипа немаше среќа во самата завршница, откако на неколку секунди пред крајот Димитрик Трајс погоди за 87-86. ТФТ имаше уште еден напад, но не реализираше удар за три поени.

Најефикасен во победничкиот тим беше Трајс со 32 поени, додека Дарин Говенс запиша 23 поени за ТФТ.