Панатинаикос направи брејк, Шортс ѝ даде 12 поени на Валенсија (ВИДЕО)

Грчкиот гигант Панатинаикос славеше со 68-67 против Валенсија во првиот меч од плејофот од Евролигата.

Панатинаикос ја доби првата четвртина со 23-15, а успеа да ја задржи предноста и на паузата меѓу двете полувремиња (39-32).

Валенсија влезе во одлична серија во последната четвртина и израмни на 63-63, по што внесе возбудувања во завршницата од натпреварот.

Гостинскиот состав, сепак, не му дозволи на ривалот да направи целосен пресврт и славеше со 68-67.

Најефикасен во победничкиот тим беше Нан со 21 поен, додека Шортс постигна 12 поени. На спротивната страна, Монтеро запиша 15 поени.

Вечерва до триумфи стигнаа и Фенербахче против Жалгирис (89-78) и Олимпијакос против Монако (91-70).

Фото: Facebook/Panathinaikos BC