ФФМ организира инклузивен турнири - настапија осум училишта со над 100 деца (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска организира турнир на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ каде што учествуваа осум училишта од земјата, од кои четири за ученици со атипичен развој.

На турнирот се одиграа повеќе натпревари, а учесниците постигнаа многу голови и се забавуваа на фудбалскиот терен.

„ФФМ упатува посебна благодарност до сите учесници како и нивните наставници и воедно продолжува и понатаму да ги поддржува фудбалските активности на сите лица со посебни потреби со што ја потврдува својата силна определба и заложба дека во Фудбалот има место за сите“, соопштија од федерацијата.

Дел од турнирот беа ОУ „Ванчо Прке“ од Штип со по една машка и женска екипа. ООУ „Марко Цепенков“ од Скопје со еден тим во женска конкуренција, како и  ООУ „Димитар Македонски“ и ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје. ДСУ „Искра“ од Штип имаше машка и женска екипа, ДСУ „Св. Наум Охридски“ настапи со два тима во машка конкуренција, додека настап имаа и ОУРЦ „Климент Охридски“ од НОво Село, Струмица, како и ОУРИЦ „Иднина“ од Скопје.