Глигоров го водеше Кастриоти до нов Куп во Косово

Македонскиот тренер Владимир Глигоров стигна до својот четврти трофеј во Косово, откако го предводеше тимот на Кастриоти до триумф во ракометниот Куп на оваа земја.

Кастриоти синоќа ја победи Беса во големото финале со 28-27 и го освои Купот трета година по ред. Интересно е што тимот од Урошевац го крена пехарот и во 2024 година, кога на клупата исто така беше Глигоров.

Екипата сезонава заврши прва на табелата во домашното првенство и сега ќе атакува на титулата и во плеј-офот.

Македонскиот стратег во својата колекција има уште два трофеи во Косово, освоени со Беса, кога триумфираше и во првенството и во Купот.