Румениге објасни зошто Олисе нема цена и никој не може да го купи!

Поранешниот извршен директор на Баерн кој сега е дел од супервизорското тело на клубот, Карл-Ханц Румениге, објасни зошто Мајкл Олисе нема да биде продаден.

Олисе игра во неверојатна форма, сезонава се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во светот и многумина го ставаат како сериозен кандидат за Златната топка.

Руменига направи споредба со Рибери и кажа зошто ниту еден голем клуб не може да го купи Олисе од нив.

„Во 2009 година, добивме неверојатна понуда од Челси за Франк Рибери. Во тоа време тоа ќе беше нов светски рекорд на трансфер пазарот. Тогаш отидов кај нашиот тогашен извршен директор, Карл Хопфнер, и Ули Хенес со таа понуда. Дискутиравме два часа обидувајќи се да решиме што ќе правиме. Тој ден, имавме фундаментална дискусија: решивме дека во иднина никогаш нема да продадеме фудбалер кој би ни недостасувал на теренот. Тоа непишано правило се аплицира и денеска. За фудбалер како Олисе, нема сума за која ќе го продадеме“, рече Румениге.