Македонија против Хрватска ќе се бори за „скопското“ злато!
Нашите надежни ракометарки ќе се борат за златниот медал од големиот училишен турнир кој се одржува во Скопје.
Утринава Македонките во второто полувреме го скршија отпорот на Турчинките. По првото полувреме беше нерешено 12-12, но работите се променија во вториот дел кога Македонија доминираше на теренот и дојде до победа од 30-22.
Ивана Трифуноска со девет постигнати голови беше најефикасна, Марија Димоска постигна четири погодоци.
Во финалето Македонија ќе игра против Хрватска која ја победи Романија.