Ужас: Челници на хрватски тим имале тешка сообраќајка!
Во незгодата биле повредени директорите на тимот, Божидар Шикиќ и Денис Гудашиќ, кои се пренесени во болница со тешки телесни повреди.
Според првичните информации, незгодата се случила кога возилото удрило во елен, по што излетало од патот.
„Во саботата, 25 април околу 22 часот, при враќањето во Загреб се случил сообраќајна на автопатот А3. Повредени се директорите Денис Гудашиќ и Божидар Шикиќ“, соопштија од клубот.
Фото: Lokomotiva Zagreb